анимира (св. и несв.)
Мајка ми ќе нѐ собереше сите четворица и со часови нѐ анимираше крај брегот на морето.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Во такви услови печатот на САД ја презел на себе активната партиципација во анимирањето на јавноста околу потребата да се напушти изолационизмот и во алармирањето на опасноста од фашизмот не само за Европа туку и за САД, кои се чувствуваа сигурни зад океанот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
МАКЕДОНИЈА ВО ДИПЛОМАТСКАТА ПРЕПИСКА МЕЃУ ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И САД Уште во текот на војната, Велика Британија ја започнала дипломатската активност со цел да се анимираат САД и СССР во однос на можните политички консеквенции што би го имало активирањето на македонското прашање во врска со обединувањето на Македонија и прашањето за југословенско-бугарската федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Жеден за свет, се втурнува во Париз, ја учи техниката на анимирањето и од тоа, заедно со неговата Емина, печали за живеачка.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Јас анимирам портрети, силуетно. Еве вака.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во почетокот на 1945 година се пројавила и македонската емиграција во САД преку настојувањето да ги анимира јавноста на САД, државните органи и пошироката меѓународна јавност за македонското прашање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Настанот се одвива во „real time“ доколку печати, емитира, покажува на екран, анимира, свири, користејќи ја истата пресметка за време и траење на случката како и не-виртуелниот свет. 104 okno.mk
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)